Доколку сте убедени дека возбудлив и исполнет сексуален живот е возможен само во младоста, резултатите од најновото истражување во рамките на апликацијата Lover ќе ве изненадат.
Имено, тие укажуваат дека жените на возраст меѓу 45 и 54 години чувствуваат најголемо задоволство при овие активности.
Бидејќи 1.500 жени во врска или брак учествувале во студијата, нема причина да се сомневаме во исходот. Дамите во зрели години изјавиле дека во нивната спална соба се е таман и дека ништо нема да променат.
Докторката Бритни Блер, која е една од основачите на споменатата апликација, го објасни она што го прочитавте во воведниот дел со тоа што жените на возраст од околу 50 години имаат почест оргазам. Освен тоа, умеат без двоумење да му пренесат на партнерот што ги возбудува, но и одлично го познаваат своето тело.
Останатите на листата на оние кои многу уживаат во сексот се дами на возраст од 18 до 24 години, потоа од 25 до 34, потоа од 35 до 44 години и на крајот оние кои спаѓаат во групата од 55 до 64 години.
На прашањето кои фактори би можеле да им го подобрат квалитетот на сексуалниот живот по пандемијата, интервјуираните дами го издвоиле следново: поголема самодоверба, романтични моменти, предигра, повисоко либидо и намалена анксиозност.
Доктор Блер на сите им кажува дека најважно во сексот е да препознаете во што најмногу уживате, бидејќи секој од нас е приказна за себе. Кога знаете што сакате, ќе ви биде полесно да комуницирате со партнерот. Таа ја нагласува предноста на мастурбацијата за зголемено уживање на парот. Тајната е во достигнувањето на врвот, што се практикува на овој начин.
На крајот, додаваме дека жените на возраст од 35 до 44 години ја издвоиле менталната поврзаност како начин за подобрување на сексуалното искуство, додека голем број млади девојки ја препознале предиграта како простор за напредок.