Британката Фиона Хокер за време на бременоста се борела со ретка болест поради која била „алергична“ на своето бебе. Сепак, добрата вест е дека и бебето и мајката сега се чувствуваат многу подобро.
Мајката забележала осип на стомакот во април минатата година, кога била во седмиот месец од бременоста. Лекарот и препишал одредена крема, но исипот набрзо се претворил во плускавци.
Лекарите потоа ѝ дијагностицирале ретка автоимуна болест за време на бременоста, наречена пемфигоид гестационис (PG). Погодува една од 50.000 жени. Реакцијата на генот на нејзиниот син предизвика нејзиниот имунолошки систем да ја „нападне“ нејзината кожа.
Дерматолозите потоа и препишале доза орални стероиди и таа ги земала во следните шест месеци.
„Сеуште понекогаш чувствувам чешање, па користам крема на база на стероиди. Моето тело сè уште е во процес на опоравување“, изјави Хокер за магазинот Индепенден-т
Ваквата состојба веројатно би се појавила во идните бремености, па Хокер и нејзиниот сопруг Ворен одлучиле да немаат повеќе деца.
„Истражувањата покажаа дека осипот ќе се врати во идните бремености и ќе биде многу поболен. Мислам дека не би можела повторно да поминам низ сето ова“, признала таа.
Иако осипот речиси се повлекол, тој е „отежнат“ од одредени хормони и во помала мера еруптира секогаш кога ќе добие менструација.
„Можеби имам некои симптоми засекогаш, но тие нема да бидат толку сериозни“, заклучил Хукер.