За да биде сè поинтересно, 22 февруари 2022 година паѓа во вторник – вториот ден од неделата!
Во нумерологијата, серија од три двојки често се нарекуваат ангелски броеви, но исто така укажува на енергијата на двојноста, партнерството, врската и рамнотежата.
Пораките на бројот два секогаш се насочени кон компромис, сочувство, прифаќање, соработка и хармонија. Кога бројот два во низа е како 222, оваа енергија е уште поизразена.
Нумеролозите велат дека енергијата на овој ден треба да се искористи за да ја канализираме нашата љубов, позитивни мисли и надеж во насока на хармонија и соработка, како за себе, така и за сите други.
Ова е добар период за промени – за сите видови спојувања, регенерации или воспоставување нови односи.
Исто така, имајте на ум дека овие денови е многу изразена интуицијата, но и силата на привлекување, па затоа треба интензивно да размислувате за индивидуалните аспирации и желби – ова ќе го забрза нивното остварување.
Месечината ќе биде во Шкорпија, што дополнително ќе ги засили емоциите, па немојте да се чудите доколку дојде до ненадејни изливи на чувства, без разлика дали се позитивни или негативни.