Иако бананите обично се чуваат во садови со други овошја, ова можеби не е најдобриот начин за нивно складирање.
Нутриционистот д-р Тамика Симс тврди дека бананите треба да се чуваат во фрижидер кога се зрели.
„Може да се чуваат на кујнскиот пулт додека не созреат, а потоа ќе им го продолжите рокот на траење така што ќе ги ставите во фрижидер додека кората не поцрни“, рекла докторката.
Според неа, кога бананата е зрела, можете да ја ставите во ќеса за замрзнување, па во замрзнувач и потоа ќе трае и до еден месец.
Бананите не се чуваат во фрижидери во продавниците.
Доколку кората на бананата е оштетена, најдобро е да ја фрлите, забележуваат од Американскиот центар за контрола и превенција на болести.
„Тоа може да значи дека е расипано, како и дека овошјето може да е загадено со микроби. Исто така, фрлете ја бананата што е црна, премногу мека или има непријатен мирис“, додаваат тие.