Иако подготовката на розен торта е малку понапорна поради кората, тоа не значи дека треба да се откажете од уживањето во овој десерт, бидејќи во продавниците одамна можете да го најдете готов.
Сепак подготвивме рецепт со домашни кори, па сами одберете ја верзијата.
Состојки:
За кората:
- 200 гр шеќер
- 100 гр путер
- 1 јајце
- 150 мл млеко
- 600 гр брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
За фил:
- 200 мл млеко
- 200 гр шеќер
- 3 кесички ванилин шеќер
- 250 гр путер
- 300 гр мелени ореви
- За глазурата:
- 250 гр шеќер во прав
- 1 лажица сок од лимон
- 2 капки црвена боја за колачот
- 3 лажици зовриена вода
Подготовка:
Шеќерот и путерот изматете ги, па додајте ги јајцето и млекото и сè убаво измешајте. Брашното измешајте го со прашокот за пециво, па додадете ги течните состојки и замесете мазно тесто. Вкупната количина тесто поделете ја на пет еднакви делови и секој дел расукајте во кора со димензии 40 × 30 cm на хартија за печење. Кората се дели на два еднакви дела со нож додека е уште непечена. Загрејте ја рерната на 180 степени, па печете ја кората на превртен плех околу пет минути. Погрижете се да останат лесни, но печени. Ставете ги едни врз други и ставете го плех за да се израмнат корите и оставете ги да се изладат.
Млекото со шеќерот и ванилиниот шеќер се става да зовријат, па се додаваат путерот и мелените ореви и се трга од оган.
Филот треба да биде доволно течен за да можете да го намачкате на кората, но и доволно цврст да не истече. Нанесете го филот рамномерно помеѓу сите корици, освен последниот.
Тортата притиснете ја на плехот и оставете да се излади. За глазурата се става околу децилитар вода да зоврие. Во сад истурете шеќер во прав, прехранбена боја и сок од лимон.
Измешајте сè и додадете зовриена вода до саканата густина. Со готовата глазура прелијте ја тортата и оставете го да се исуши. Розен тортата е највкусна кога ќе преноќи. Исечете го саканото парче со остар, тенок нож и послужете.