За да го користите одењето како добра вежба која ќе ви помогне да изгубите тежина, да изградите мускули и да стекнете кондиција, не мора да пешачите со километри секој ден.
Следниве пет трикови ќе ви помогнат да извлечете максимум од пешачењето и да согорите до 50 отсто повеќе калории.
1. Одете по угорница
Најдете какви било угорници, скали, нерамен терен и ќе согорите 50 проценти повеќе калории отколку одење по рамна површина.
Ако вежбате на лента за трчање, почнете со наклон од пет степени, а потоа зголемете на 7 или 8 степени, каде што навистина ќе почувствувате зголемен интензитет на употреба на мускулите. Ако можете, избегнувајте да се држите за оградите бидејќи во спротивно ќе го намалите ефектот од одење.
2. Зголемете ја брзината на одење
Ако успеете да одите со брзина од околу 126 метри во минута (околу 2 метри во секунда), ќе согорите ист број калории на поминат километар како да трчате.
Одете во интервали – одете најбрзо што можете 30 до 60 секунди, а потоа одете со умерена брзина 5 минути. Така ќе го спречите заморот, а метаболизмот ќе ви работи побрзо и подолго откако ќе завршите со одење.
3. Користете ги рацете
Свиткајте ги лактите под агол од 90 степени и замавнете ги рацете од рамената додека одите. Одржете го ова движење кратко – ако ги замавнете рацете премногу напред, нема да можете да ги движите доволно брзо за да согорите максимално количество калории.
4. Купете добри обувки
За одење, најдобро е да изберете обувки во пределот на ѓонот обложен со мека влошка, особено во пределот на петицата, што ќе помогне да се ублажат честите удари на земјата. Покрај тоа, кога одиме, стапалото се движи како столче за лулка и тежината од петицата се пренесува преку средината на стапалото до прстите.
Тоа значи дека за одење најдобри се обувките чијшто централен дел е флексибилен и кои овозможуваат такво движење и го поддржуваат лакот на стапалото, или ѓонот (делот од стапалото што е рамно кај лицата со рамни стапала), каде притисокот врз стапалата за време на одење е најголема.
5. Користете стапови за одење
Скандинавците одамна знаат дека стаповите се многу корисно средство за одење доколку сакаме да ги зајакнеме мускулите и да ослабеме, а тие неизбежно помогнаа и во нивното познато нордиско одење.
Тие се користат за правење динамични движења напред-назад. Другите минувачи може да ве гледаат зачудено, но вие ќе согорите 20 до 45 отсто повеќе калории отколку одење без стапови.