Верувајте ни, тоа е точно!
1. Веќе никому не се докажувате
Нема повеќе стрес поврзан со врвните перформанси во кревет. Причината за тоа можеби е тоа што вашиот сексуален живот е врзан за една личност или досега сте имале повеќе сексуални партнери и имате самодоверба, но притисокот кој постоел во дваесеттите е намален или целосно исчезнал.
Некогаш давате сто проценти од себе во кревет, а понекогаш без размислување само го фаќате партнерот за време на реклами и набрзина правите една тура.
2. Задоволни сте со еден партнер
Статистички, повеќето луѓе влегуваат во долга врска или брак во доцните дваесетти години, а во стабилна врска се во триесеттите. Желбата да пробате нови работи се сведува на нови пози со партнерот, а не на луди излегувања кои порано завршуваа со ненадеен секс со некој што едвај го познавате.
Оние кои не се во врска, во овие години тешко дека ќе се одлучат за чести менувања на партнери. Тие повеќе би сакале да бидат во врска во која исто така ќе имаат секс само со партнерот.
3. Откривате нови работи
Со годините и повеќе партнери зад себе, време е да се истражувате себеси, вашите желби и интереси.
Работењето на себе е различно за секого – некои ќе пробаат нови пози или места, некои ќе решат да ги подобрат своите сексуални вештини и ќе се посветат на Кама Сутра или тантричкиот секс, но на глобално ниво луѓето повеќе се занимаваат со изострување на своето знаење и искуство.
4. Подобро комуницирате со партнерот
Секако, секој би сакал да ги сподели сите свои фантазии од првиот ден, и да ги испроба, но тоа е вештина која се учи со текот на времето. За да споделите нешто толку лично бара доверба и љубов меѓу партнерите.
Во своите триесетти, повеќето луѓе знаат што сакаат, а што не. Доколку сте во долга врска, знаете како да се напалите еден со друг и како да се доведете себеси и вашиот партнер до кулминација.
5. Запознаени сте со вашето тело
Со текот на годините, веќе сфативте како најдобро ја доживувате кулминацијата и која е вашата најдобра поза. Ова е многу важно во ситуации кога немате многу време и сакате еден брз секс, како на пример наутро пред да се разбудат децата.
6. Квалитетот е поважен од квантитетот
Сексот во триесеттите е фантастичен, без разлика дали сте во врска или сами. Повеќето во овој период ја намалуваат количината на сексуален однос и се свртуваат кон квалитетот. Бидејќи ова е и време за основање семејство, градење на кариера и општо хаотичен период од животот, повеќето луѓе попрво би избрале квалитетен секс еднаш неделно отколку три набрзина.
7. И желбата за дете станува дел од сексуалниот живот
Во своите триесетти, многу луѓе имаат таканаречен „наменски секс“ за да имаат деца. Во овој случај, сексот не е фантастичен, пред се затоа што сексот е форсиран во плодните денови и носи многу напнатост, па сексот наместо задоволство може да стане задача.
8. Може да имате односи и уморни
Мрзеливиот секс е една од вештините што е добро да ја практикуваат луѓето во раните триесетти години бидејќи има големи шанси да им го спаси сексуалниот живот. Многумина се исцрпени во овој период поради силните обврски – работа, деца, сметки, а никој нема пристап до неограничена енергија. Мрзеливиот секс добро ќе ви дојде кога сте имале напорен ден, а сепак би сакале да се посветите на партнерот или на себе.
9. Се помиривте со фактот дека вашиот сексуален живот има подеми и падови
Има моменти кога сексот не ви ни паѓа на памет – имате проблеми на работа, децата не ве слушаат и се чувствувате како да сте генерал во војска. Тогаш обично немате волја за секс. И тоа е сосема нормално, и за вас и за вашиот партнер.
Од друга страна, има моменти кога единственото нешто што ви паѓа на ум е сексот и се чувствувате како повторно да поминувате низ вашето сексуално будење. Доволно сте возрасни за да знаете дека желбата за секс понекогаш е посилна, некогаш помала и дека сето тоа е составен дел од животот.