Дали ова ви звучи познато – го земате вашето дете од училиште, тоа влегува во автомобилот и го поставувате прашањето: „Како беше на училиште? На тоа детето одговара „добро“, а вие останувате разочарани затоа што сте лишени од деталите што сте сакале да ги слушнете.
И така од ден на ден. Не очекувате толку краток одговор, а децата, од друга страна, многу повеќе ги интересира се друго отколку да разговараат со вас.
Ако сакате да навлезете малку подлабоко во деталите од нивниот ден, обидете се со некои од следниве прашања:
Кој ти беше омилен дел од училишниот ден?
Кој ти беше најмалку пријатен дел од училишниот ден?
Која беше најинтересната информација што ја научивте?
Што те направи најсреќен денес?
Со кого седеше за време на паузата?
Со кого си играше на одмор?
Што те растажи денес?
Дали нешто особено те загрижи денес?
На што најмногу се гордееш денес?
Кој те насмеа денес и како?
Дали му помогна на некого денес? Како?
Дали некој ти помогна со нешто денес? Како?
Што би променил денес кога би можел?
Дали ти треба мојата помош или поддршка за нешто што го доживеа денес?
Дали се чувствувше удобно да учествуваш на часот?
Како учествуваше на часот?
Кои се твоите најдобри пријатели?
Дали сакаш да работиш сами или во мала група?
Кога би можел да избереш, до кого би седел на час? Зошто?
Што ќе се случи ако не се почитуваат правилата?
Дали постојат правила кои мислиш дека се неправедни?
Дали некогаш си се чувствувал несигурно на училиште? Што се случи?
Кој ти е омилен учител и што ти се допаѓа кај него или неа?
Каква грешка направи денес? Што научи од таа грешка?
Како оваа година се разликува од минатата година?
Што ќе те радува кога утре ќе одиш на училиште?
Дали има нешто од што се плашиш?
Едно е сигурно – не треба да му го поставувате на вашето дете секое едно од овие прашања. Немојте. Овие прашања се упатства што можете да ги користите за да развиете комуникација со вашето дете и да ја поттикнете неговата потреба за разговор. Многу од овие прашања ќе доведат до одлична дискусија која ќе ви овозможи подобро да го запознаете вашето дете. Важно е да запомните да не го прекинувате детето додека зборува.
Не заборавајте да обрнете внимание на она што го прави вашето дете среќно и возбудено и постојано да поставувате прашања поврзани со таа тема.