Според истражувањето на експертите од Универзитетот Лунд во Шведска, три шолји кафе дневно и тоа како влијае на здравјето на жените.
Беа анкетирани 300 жени и таа студија покажа дека три шолји кафе можат да ги намалат женските гради, а процентот на намалување би се зголемил со секоја консумирана доза.
Тие рекоа дека постои јасна врска помеѓу пиењето кафе и помалите гради, бидејќи околу половина од сите жени имаат ген кој се покажа дека ја поврзува големината на градите со внесот на кафе.
„Пиењето кафе може да има големо влијание врз големината на градите“, вели Хелена Јернстроем, предавач по експериментална онкологија на Универзитетот Лунд во Шведска.
“Жените кои пијат кафе не мора да се грижат дали градите им се намалуваат преку ноќ. Тие ќе се намалат, но нивните гради нема туку така да исчезнат. Сепак, секој што мисли дека може да каже кои жени пијат кафе само по големината на градникот, ќе биде разочаран. “, објасни таа и додаде: „Проблемот е што има две мерења за градникот, големината на корпата и обемот, така што нема да биде можно јасно да се каже“.
Сепак, има и добри вести за оние кои пијат кафе – истражувачите исто така откриле дека редовното внесување кофеин може да помогне да се намали ризикот од развој на рак на дојка.
Научниците велат дека ефектот на кафето е поврзан со неговото влијание врз естрогенот.
Некои состојки во кафето можат да го променат метаболизмот на жената, така што таа ќе добие подобра конфигурација на различни естрогени, а со тоа го намалува потенцијалниот ризик.
„Но, жените со поголеми гради кои содржат повеќе млечни жлезди – се изложени на поголем ризик“, објаснуваат научниците.