Поновите машини за перење обично имаат програма за брзо перење, а оваа програма навистина може да ви спаси живот, особено во ситуација кога брзате, корпата за перење е преполна или едноставно сакате да перете алишта кои можеби немаат ни флеки .
Но, пазете се! Неправилната употреба на оваа програма може да направи повеќе штета отколку добро и да доведе до побрз дефект на машината.
Имено, една продавница за бела техника од гратчето Ремзи во Англија, го сподели советот на мајсторот на машината кој тврди дека програмата за брзо перење не треба да пере работи како крпи или бањарки или сите оние кои стануваат тешки кога се влажни.
Имено, бидејќи крпите стануваат многу тешки кога се влажни, брзото перење од околу 20 минути едноставно не е доволно за да исчезнат дамките, а проблем е самата тежина која долгорочно може да ја оштети машината за перење.
-Кога машината работи многу брзо и крпите се притиснати, тоа доведува до големо оптоварување на барабанот и тој почнува да се тресе – коментира експертот.