Оброк кој ќе ве засити и ќе ве воодушеви со вкусот!
Од тиквици подгответе вкусни уштипци, а најдобро од сè е што за подготовка ќе ви бидат потребни неколку состојки, кои не чинат повеќе од 100 денари!
Состојки: 2 тиквици, 1 јајце, 75 гр брашно, сол, бибер, 2 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
Тиквиците измијте ги, изрендајте ги, посолете и ставете во цедилка околу 10 минути. Истиснете го вишокот вода и префрлете ги тиквиците во поголем сад. Измешајте изрендани тиквици со јајце, брашно, сол и бибер и формирајте уштипци.
На врела тава со малку масло испечете уштипци од двете страни додека не добијат златно-кафеава боја. Послужете со малку павлака и сезонска салата по желба.
Уживајте!