Во секое домаќинство во секој момент ги има овие три намирници – компири, кромид и јајца. И ако мислите дека од овие состојки не може да се направи специјалитет, се лажете!
Ви донесуваме рецепт за традиционална шпанска тортиља, која се подготвува брзо и лесно, и најдобро – максимално заштедува во домашниот буџет.
Состојки: 4 компири, 1 главица кромид, 4 јајца, масло, сол, бибер
Начин на подготовка:
Излупете ги компирите и исечкајте ги на ситни коцки.
Во тава намастете масло колку да го прекрие дното и загрејте, а потоа ставете кромид и компири. Динстајте додека компирите не омекнат, а кромидот не потемни. Тргнете од рингла и исцедете го маслото, но не го фрлајте.
Јајцата разматете ги во кајгана, а потоа додајте ја смесата од компири и кромид и добро измешајте.
Во тавата повторно ставете го маслото на кое сте ги пржеле компирите и загрејте го, па ставете во смесата од јајца, компири и кромид. Зачинете со сол и бибер по вкус. Оставете да се пржи на тивок оган, задолжително без мешање.
Тавата прекријте ја со чинија, па свртете ја така што сега веќе формираната тортиља ќе остане на чинија, а потоа вратете во тава, како би ја испекле и другата страна.
Исечете на триаголни парчиња и послужете ја топла.
Добар апетит!