Делот од телото што прво го миете при туширање наводно кажува многу за тоа какви сте во кревет. Ако не сте сигурни или не се осмелувате да го прашате партнерот за вашите сексуални вештини, сега можете да проверите.
Градите
Ако прво го измиете овој дел од телото, вие сте практична и многу директна личност. Удобноста е најважна работа во вашиот живот, мразите кога некој ви го одвлекува вниманието додека се обидувате да се концентрирате на нешто и немате ни трошка трпение за луѓето чии ставови се разликуваат од вашите.
Кога станува збор за сексот, вие сте добар партнер и сакате да пробувате нови работи. Најдобар партнер за вас е оној кој прв ја мие косата.
Лицето
Парите се многу важни во вашиот живот и подготвени сте на се за да ги имате. Интегритетот и гордоста не ви се важни во овој контекст, доколку е потребно, и ќе ги искористите пријателите за да ја постигнете целта. На другите често им е тешко да ве разберат, но не ве интересира нивното мислење бидејќи сте многу егоцентрични.
Во сексот сте просечни затоа што сте прилично себични и важно ви е само сопственото задоволство. Најдобар партнер за вас е оној кој прво ја мие интимната зона.
Пазува
Многу сте вредни и доверливи, генерално сте популарни меѓу луѓето затоа што сте приземни и секогаш подготвени да им помогнете на другите. Понекогаш тоа ве става во неволја затоа што не знаете дали луѓето се добри со вас затоа што ве сакаат или сакаат да ве искористат.
Добри сте во кревет затоа што се грижите и партнерот да ужива во тоа исто како и вие, па се трудите да му угодите. Најдобар партнер за вас е оној кој прво ги мие рамениците.
Косата
Оние кои прво ја мијат косата покажуваат дека се уметнички тип. Сонувањето е вашето хоби, но можете да постигнете работи што повеќето луѓе не можат да ги постигнат. Парите не ви се важни, а се дружите исклучиво со уметници и интелектуалци.
Вие сте одличен сексуален партнер затоа што обожавате да го истражувате и задоволувате партнерот. Најдобар партнер за вас е оној кој прво ви ги мие градите или гениталиите.
Интимна зона
Ви недостига самодоверба, немате многу пријатели бидејќи другите ве сметаат за прилично досадни. Лесно се откажувате од се штом наидете на препрека, но кога е сексот во прашање, вие сте натпросечно добар партнер. Знаете како да ги покажете своите емоции како ретко кој друг. Најдобар партнер за вас се оние кои прво го мијат лицето или косата.
Рамената
Се чини дека среќата не е многу поволна во вашиот живот, па често доживувате неуспеси. Сакате да го поминувате времето сами, не сте особено социјални, а парите и моќта ви се најважни на светот.
Не сте многу одлични во сексот затоа што не се грижите за задоволството на вашиот партнер, а најдобар партнер за вас е личноста која прво ќе ви ги измие пазувите.
Друго
Прилично сте просечни. Имате одредена внатрешна сила, но луѓето тешко го гледаат тоа. Треба да негувате малку поавантуристички дух и да научите како подобро да се „продавате“ бидејќи вие сте всушност многу симпатична личност со неколку маани.
Во сексот сте просечни, имате многу големи фантазии, но немате доволно храброст да ги спроведете на дело. Најдобар партнер ви е оној кој прво го мие лицето.